ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Сајбер пропагандата останува голем и моќен непријател на демократијата

Автоматизираните бот профили се сé уште добро користена тактика. Онлајн коментатори и лажни профили се користат за да се шират про-партиски пораки, како и за стратешко споделување или објавување на содржини користејќи клучни зборови за да ги изиграат алгоритмите и одредена содржина да се најде на трендинг.

October 6, 2019 12:13
in МЕДИУМИ, АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Манипулирањето со јавното мислење преку платформите на социјалните медиуми се јавува како суштинска закана на јавниот живот. Низ светот, владини агенции и политички партии ги експлоатираат платформите на социјалните медиуми за ширење сензационални вести и дезинформации, спроведуваат цензура и контрола и ја поткопуваат вербата во медиумите, јавните институции и науката.

Еден извештај од Оксфордскиот институт за интернет (ОИИ), објавен во јули минатата година, а кој и денес е актуелен, покажува дека и покрај напорите за борба против компјутеризираната пропаганда, проблемот расте во големи размери.

„Бројот на земји во кои се јавува формално организирана манипулација со социјалните медиуми е значително зголемен, од 28 на 48 земји, на глобално ниво“, изјавува Саманта Бредшо, ко-автор на извештајот. „Поголемиот дел од порастот потекнува од политички партии кои шират дезинформации и сензационални вести околу периодите на избори. Постојат повеќе политички партии кои учат од стратегиите развиени во текот на Брегзит и претседателските избори во САД во 2016 година: сé повеќе кампањи користат ботови, сензационални вести и дезинформации да ги поларизираат и манипулираат гласачите.“

Ова се случува и покрај напорите од страна на владите во многу демократии, кои воведуваат нови законодавства, дизајнирани за борба против лажните вести на интернет. Проблемот со ова е тоа што овие „работни групи“ за борба против лажните вести се користат како нова алатка за легитимизирање на цензурата во авторитарните режими“, вели проф Фил Хауард, ко-автор и главен истражувач на проектот за Компјутеризирана Пропаганда на ОИИ. „Во најдобар случај, овие видови на работни групи создаваат контра-наративи и градат алатки за граѓанска свест и проверување на факти.“

Друг предизвик е еволуцијата на медиумите што поединци ги користат да споделат вести и информации. „Постојат докази дека дезинформациските кампањи се преместуваат на чат апликациите и алтернативните платформи“, вели Бредшо. „Ова станува сé почесто во глобалниот југ, каде што се попопуларни големи јавни групи на чат апликации.“

Автоматизираните бот профили се сé уште добро користена тактика. Онлајн коментатори и лажни профили се користат за да се шират про-партиски пораки, како и за стратешко споделување или објавување на содржини користејќи клучни зборови за да ги изиграат алгоритмите и одредена содржина да се најде на трендинг. Исто така, се користат и за да се известува за легитимни содржини и профили на големи размери, што води кон нивно привремено бришење. „Ние сметаме дека нови иновации ќе продолжат да се појавуваат како платформи, а дека владите ќе преземаат правни и регулаторни чекори да се намали овој тип на активности“, вели Хауард.

Генерално, користењето на кампањи за организирана манипулација на социјалните медиуми е голем бизнис. „Ние оценуваме дека десетици милиони долари се трошат на ваков тип на активност“, вели Хауард. „Дел од парите можеби се троши на легитимно рекламирање на социјални медиуми, но секако постои растечка индустрија за лажни профили, онлајн коментатори и политички ботови.“

извор: Оксфордски институт за интернет
превод: Наташа Цветковска/ЦИВИЛ

 

Next Post
„Напред розово“ во Скопје, 2009 година. Оваа година (2019) се одржа по 11-ти пат.

Горд сум што бев еден од основачите на Борка - за секој нов ден, во борбата за здравје и живот.

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk