На електронските адреси на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини денеска пристигнале закани за поставени експлозивни направи, соопшти Министерството за образование на Србија.
Екипи на српското МВР се на терен, а учениците и вработените се евакуирани, се посочува во соопштението и се додава дека за да се обезбеди безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена е прекината до завршување на полициската проверка.
Некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми.