Милански Интер многу веројатно во финалето на Лигата на шампиони против Манчестер сити ќе мора да игра без својот стандарден првотимец Хенрих Мхитарјан.
Ерменскиот репрезентативец го повреди бутниот мускул на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони против Милан и беше заменет на крајот од првото полувреме.
Интер дополнително официјално објави за каква повреда станува збор и воедно најави дека 34-годишниот Мхитарјан нема да биде во составот за завршницата во Серија А, како и финалето на италијанскиот Куп против Фиорентина.
Оваа сезона Мхитарјан постигна пет голови, додавајќи и две асистенции, во сите натпреварувања, додека беше во стартниот тим на Интер на 11 од 12 натпревари во Лигата на шампиони.