ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кондов: Исклучително важно е С. Македонија е да ги спроведе преземените обврски

May 23, 2023 11:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Начинот на кој Северна Македонија продолжува да се однесува кон Бугарија, со сигурност не e патот за нејзина побрза интеграција во ЕУ, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Иван Кондов.

Како што јави Бугарското национално радио (БНР), по вчерашната неформална средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ и државите од Западниот Балкан, Кондов изјави дека од исклучителна важност за земјава е да ги спроведува преземените обврски.

– Некои од колегите го поставија прашањето за побрзо проширување или побрза патека. Нормално, од наша страна посочив дека е исклучително важно да се спроведуваат сите обврски, вклучително и промената на Уставот, изјави Кондов.

Тој додаде дека споменувањата на Бугарија во одреден контекст, како изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој односот на Софија кон земјава го спореди со оној на Русија кон Украина, како и „кршењето на човековите права, не се патот кон побрза интеграција на Северна Македонија“.

Во одговор на новинарско прашање дали ваквиот бугарски став „наишол на разбирање“ од страна на останатите министри учесници на состанокот, Кондов одговори дека „во секој случај, многу земји рекоа дека ЕУ е сојуз заснован на вредности и мора да се исполнат сите барања за европска интеграција“.

Кондов информира и дека имал билатерален разговор со шефот на нашата дипломатија Бујар Османи, од кого побарал објаснување за изјавата на премиерот Ковачевски.

– Тој се обиде да објасни дека де факто изјавата на премиерот е поврзана со конкретни политичари, а не, во принцип, со политиката на Бугарија, но јас го прашав зошто во таа ситуација се споменува Бугарија, а не конкретниот политичар на кој тоа се однесува, изјави Кондов.

Во обраќање на генералната дебата на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик, насловена „Обединети за Европа“ минатата недела, премиерот Ковачевски посочи дека дискурсот кој се користи во Бугарија кон Северна Македонија е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина.

Тој додаде дека обвинувањата изнесени на Самитот од страна на претставникот на Бугарија, се целосно неосновани и доаѓаат од земја што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот на Европа во областа на човековите права.

– Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно призната како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа, истакна Ковачевски.

Tags: бугаријаКондовМНР
Next Post

Истрефи, Агатоновиќ, Бехариќ и Берлајоли за циркуларната економија на Западен Балкан

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk