ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски се сретна со Де Кро – констатирани пријателството и партнерството меѓу С.Македонија и Белгија

May 23, 2023 11:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро.

На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа.

Претседателот Пендаровски го поздрави позитивниот тренд на зајакнување на политичкиот дијалог меѓу двете земји и оцени дека честите размени на посети на високо ниво дополнително ќе ја продлабочат политичката доверба, а ќе го поттикнат и економскиот развој. Соговорниците изразија задоволство од унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји и зголемувањето на белгиските инвестиции во Северна Македонија.

Претседателот изрази благодарност до белгискиот премиер за доследната и постојана поддршка на македонските европски интеграции и политиката на проширување на ЕУ, како процес од стратешко значење за регионот. Во тој контекст, беа разменети мислења и ставови за претстојното белгиското претседавање со Европската Унија во првата половина на 2024 година.

На средбата се разговараше и за стабилноста и безбедноста на европскиот континент, при што беше посочена важноста на партнерството во НАТО во справувањето со геополитичките предизвици наметнати од војната во Украина.

Tags: БелгијаДе КроМакедонијаПендаровски
Next Post

Млади музичари од МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Младиот Марко Пејчиновски го најави својот нов предизвик – 107 км. IRONMAN триатлон

August 27, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Речиси две третини од Французите сакаат распуштање на Парламентот и нови избори

August 27, 2025
Фотографија од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk