ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова: Меѓународната и регионалната соработка клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени

May 24, 2023 19:59
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова  на министерскиот панел на тема: „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, Фото: Влада.мк

Министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на министерскиот панел на тема: „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, Фото: Влада.мк

Како дел од министерскиот панел на тема: „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, што се одржа на првиот ден од Неделата на одржлив развој во Приштина, Р. Косово, министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова нагласи дека меѓународната и регионалната соработка се клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени и дека во оваа проблематика мора да применуваме интегриран пристап.

„Размена на позитивните искуства меѓу земјите од регионот ќе ни помогнат во надминување на предизвиците во животната средина бидејќи воздухот, водата, климата не препознаваат граници “- потенцираше Шукова.

Таа рече и дека со потпишување на  декларацијата од Софија за зелената агенда, земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Република Северна Македонија, се обврзаа заеднички да работат на финализирање на процесот на ратификација на Конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот, како и на развивање и имплементација на стратегии за квалитет на воздухот и на воспоставување на соодветен систем за следење на квалитетот на воздухот.

„Земјите од Западен Балкан мора заеднички да работат кон постигнување на целта за 2050 година за јаглеродно неутрален континент заедно со ЕУ преку креирање и спроведување на амбициозни климатски политика и реформирање на енергетските и транспортните сектори како клучни извори на загадувањето на воздухот и на стакленички гасови, чие што влијание се чувствува и на локално и на национално и на регионално и глобално ниво“- изјави Шукова.

Заеднички беше ставот дека е потребна размена на позитивните искуства и практики меѓу земјите во регионот во правец на побрзо и поефикасно исполнување на поставените климатски цели и целите во животната средина генерално.

Во оваа сесија како дел од актвностите од првиот дел на Неделата на одржлив развој посветен на „Поврзувањето на земјите од Западен Балкан за транзиција кон одржлив и отпорен раст“, покрај Шукова учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање на Косово Либурн Алиу, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро и директорката на директоратот за климатски активности во Министерството за економија и одржлив развој на Храватска Дуња Дрвар.

Tags: „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“Каја ШуковаКлиматски промениклиматски цели
Next Post
Фото: Најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“

„Фридом хаус“: Северна Македонија забележала демократски напредок изминатата година, и е прворангирана во Западен Балкан

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk