Земјотрес со јачина од 6,6 степени денеска ја погоди Колумбија, а засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета.
Колумбискиот геолошки институт (SGC) извести дека земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар е регистриран во Карипското Море, на 41 километар од градот Аканди, се случил во 10:05 часот по локално време, на длабочина од 30 километри од земјата.
Неколку минути подоцна, друг земјотрес со јачина од 4,6 степени беше со епицентар во Карипското Море, соопшти SGC.
Од Националната единица за управување со ризици од катастрофи соопштија дека од земјотресот засега нема жртви или материјални загуби.
Земјотресот бил почувствуван и во административните региони Антиокија, Кордоба и Чоко и во соседна Панама.