ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СБ ја продолжува поддршката на развојните политики на земјата, преку Стратегијата за партнерство

May 26, 2023 12:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Реализацијата на проектите во земјата, што се дел од Стратегијата за партнерство на РС Македонија со Светска банка за периодот 2019-2023, како и активностите што се одвиваат за продолжување и продлабочување на таа соработка, беа тема на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-претседатеот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ.

Инфраструктурни проекти, изградба на локални патишта, модернизација на образованието, дигитализацијата се само дел од областите на кои е фокусирана Стратегијата. Значајна поддршка е посветена и на енергетскиот сектор, особено преку подобрување на енергетската ефикасност, поле кое и во индина ќе биде меѓу приоритетите, со цел да се надминат предизвиците кои ги донесе енергетската криза, како и влијанието на климатските промени.

„Добро индентификување на приоритетите е најзаначјно за успешна реализација на новата програма и посигнување на поставените цели. Приоритетите кои ќе бидат вградени во новата Стратегија треба да произлезат од она што е дефинирано како приоритет на Владата во националните стратешки документи, како и Програмата за економски раст, која содржи клучни реформи заеднички усвоени со Европската унија, а кои значат и побрзо приближување на земјата кон ЕУ”, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Меѓу идентификуваните области на коишто би се засновала идната соработка се обезбедување одржлив развој на општините, подобрување на квалитетот на воздухот, дигитален развој и енергетска транзиција.

На средбата беше потврдено дека политиките што ги спроведува Владата обезбедуваат одржливост на среден рок. Таквите политики поддржани со значајни инвестициски проекти и спроведрување на реформите ќе доведат до забрзани стапки на економски раст.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, средбата, на која учествуваше и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, ја одржа на маргините на Состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ што се одржува во Тиват, Црна Гора.

Tags: БесимиСБфинансии
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Иран ги оркестрирал и спонзорирал сајбер нападите во Албанија; Рама ветува просечна плата од 900 евра до април; Гренел бара ослободување на Тачи

Shortcut

Најново

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk