Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека имал телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел на актуелни теми, вклучително и постизборниот процес во општините во северно Косово.
– Избраните градоначалници на северот ќе даваат услуги за сите граѓани, напиша Курти на Твитер по полноќ.
Тој додаде дека е важно да се интензивира дијалогот за целосно спроведување на Основниот договор меѓу Србија и Косово.