ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ховениер: Ситуацијата во северно Косово е исклучително загрижувачка

May 29, 2023 14:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Приштина, Џефри Ховениер изјави дека ситуацијата во северно Косово, каде што денеска протестираат локалните Срби против новоизбраните градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население, е „исклучително загрижувачка“ и побара од сите инволвирани страни да придонесат за деескалација на состојбата.

Како што јави МИА, Ховениер по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи рече дека е значајно да не се дозволи насилен влез во објектите на општините пред кои утрово излегоа на протест граѓаните од српска националност.

– Штотуку се сретнав со претседателаката Османи, разговаравме за состојбата на северот. Јас изразив загриженост поради насилството. Заедно со мојот колега, амбасадорот (на ЕУ во Косово, Томаш) Суниог ги повикавме градоначалниците на северните општини, дојдоа оние на Звечан и Зубин Поток. Разговаравме за загрижувачката ситуација. Не знам зошто не дојдоа другите двајца градоначалници (на Северна Митровица и Лепосавиќ), можам само да кажам дека поканата им е доставена, рече Ховениер.

Тој додаде дека САД и земјите од Квинтата нагласиле оти е битно „службените лица да влезат во институциите без употреба на сила“.

– Тоа останува наш став. И со градоначалниците разговаравме за тоа како можат да ги вршат нивните задачи и да им служат на граѓаните без да има потреба од употреба на сила за да влезат во институциите, изјави Ховениер по средбата со Османи.

Новоизбраните градоначалници во четирите општини со мнозинско српско население, за кои гласаа 2-3 проценти од граѓаните со право на глас, во петокот положија заклетви и влегоа во нивните општински згради обезбедувани од голем број припадници на специјалната полиција. Истиот ден, претседателот на Србија, Александар Вучиќ свика седница на државниот Совет за безбедност и нареди подигнување на борбената готовност на вооружените сили.

Tags: КосовонемириХовениер
Next Post

Претседателот на Уганда го потпиша ригорозниот закон против ЛГБТК

Shortcut

Најново

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

June 23, 2026

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk