Да се биде полицаец значи да се биде доследен на својата професија, чесно и одговорно да се извршуваат професионалните задачи и да се биде пример за сите граѓани. Полицијата е наш бескомпромисен чувар на законот и јавната безбедност, објави Фондацијата Заев во третата епизода од серијалот Успешни приказни, каде е претставена припадничка на САЕ Тигар, Виш инспектор и преговарач.
Оттаму нагласуваат дека Специјалната Антитерористичка единица Тигар е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал спроведувајќи највисоки борбено-технички задачи.
„Припадниците на оваа единица се свесни какви ознаки носат на својата униформа и дека таа чест и привилегија од секој нејзин припадник бара крајно професионални и специфични вештини. Како припадничка на САЕ Тигар, Виш инспектор и преговарач, со нејзината успешна приказна, нејзиното знаење и искуство е подготвена да одговори на сите предизвици и воедно да докаже дека во нашата земја може да се успее и како специјалец и како жена“, се потенцира во објавата.