„Можеби со неприфаќање на уставните имени ќе се повлечеме и ќе изградиме посилна позиција. Признавам дека тоа е ризично, но мене ми изгледа апсолутно ризично прифаќањето на уставните измени, затоа што немаме никаква гаранција дека ние ќе станеме членка на ЕУ“, рече екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во „Клик Плус“.
За барањето на Арбен Таравари и некои други албански партии и политичари за укинување на 20% од Уставот и менување со албански јазик, Димовски кажа дека тоа би начело отворање на Охридскиот рамковен договор, што преставува голем ризик, со оглед дека Стејт Департментот даде изјава дека секој кој ќе го прекрши тој договор, ќе се соочи со санкција.