По повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, на 05.06.203г., понеделник, во хотелот Double Tree Hilton, со почеток од 10.30 часот ќе се одржи воведна Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”.
Настанот ќе го отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија Н.Е. Ejми Ларсон Џeин, а поздравно обраќање ќе има и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. Рајан Нокс, директорот на САЛАР Интернационал ќе објасни повеќе околу придобивките на проектот.
По воведните обраќања предвидено е потпишување на меморандум за соработка помеѓу проектот и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС со шест општини кои се одбрани за пилотирање на проектот како партнери на проектот.
Проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво” е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.