Никола Ѓуретановиќ и Миа Блажевска Еминова се најуспешни на Националното првенство во пливање во Апсолутна и Младинска конкуренција.
На Летното Национално првенство во пливање кое се одржа на Олимпискиот базен центар во Апсолутна и Младинска конкуренција,настапија вкупно 218 пливачи од 16 клуба, објави Националната пливачка Федерација.
Како што информираат, за најуспешни пливачи на првенството се прогласени:
Младинци
МАЖИ – Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018.
ЖЕНИ – Блажевска Еминова Миа ПВК Орион.
Апсолутна
МАЖИ – Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018.
ЖЕНИ – Блажевска Еминова Миа ПВК Орион.
Никола Ѓуретановиќ, неофицијално постави нов Рекорд во Кадетска конкуренција на Македонија во дисциплината 200м слободно со време 1:57.15.
Штафетата на ПК Скопје од Скопје во состав Бошнаков, Стојановски, Караскаковски и Ѓузиќ неофицијално поставија нов Апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 4×200м слободно со време 8:18.50.
Штефатата на ПВК Орион од Скопје во состав Павлевска, Блажевска Еминова, Китановиќ и Карајованова, неофицијално поставија нов Младински и Апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 4×100м мешано со време 4:49.02.
Женската штафета на ПК Скопје во состав Јанковиќ, Танаскоска, Неделкоска, Неделкоска поставија нов Младински и Апсолутен рекорд на Македонија во штафетата 4×200м слободно со време 9:11.69.
Ј. Ѓ.