На адресите на неколку факултети во Белград попладнево пристигнале пријави за подметнати бомби, јавија белгрдските медиуми.
Во тек се полициски проверки, а студентите и вработените се евакуирани.
Според пријавите на граѓаните преку социјалните мрежи, дојави за подметнати бомби стигнале до Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот и до Правниот факултет.