ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска за ТВ 21: Дигиталната трансформација е општествен, а не политички процес

June 8, 2023 09:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Секогаш мора да се реагира на слабостите во системот, а политичарите и директорите на јавните претпријатија треба да даваат пример за интегритет и за одговорност кога има недоследности во однесувањето и постапувањето”, изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното интервју на ТВ 21 и додаде дека основата на едно демократско општество се принципите на владеење на правото, како и принципите на добро владеење.

Во однос на дигиталната трансформација на општеството, Грковска информираше дека фокусот во моментов е ставен на Законот за архивско работење, како и на создавање услови за изготвување на електронска лична карта, како основна алатка за дигитализација на процесите и за пристап до дигитални услуги, што е клучно за намалување на субјективниот фактор, а со тоа и на корупцијата.

„Во услови на брз технолошки развој, мора да го направиме општеството поагилно на промени. Мора да се фати чекор, а не да се водиме по стариот ментален склоп. Овие процеси се почнати и нема враќање назад”, нагласи Грковска, додавајќи дека дигиталната трансформација на општеството не е политички, туку општествен процес.

Во однос на состојбата во правосудниот систем, вицепремиерката Грковска оцени дека судската фела треба внатре да се охрабри, да не се солидаризира туку самата да реагира и да ги санкционира малата група судии и обвинители коишто ставаат белег на целата фела.

„Ние треба да изградиме институции во кои граѓаните ќе имаат доверба. Правосудниот систем е столбот на овој процес. Имаме толку мала доверба во правосудниот систем, граѓаните не се убедени дека правосудниот систем се однесува професионално, пристапува на секој случај подеднакво според закон и дека не ги носи своите одлуки со разлика дали некој е политичар, бизнисмен или обичен граѓанин”, додаде Грковска.

Tags: Грковскадигитална трансформација
Next Post
AP Photo/Jack Dura

Гувернерот на Северна Дакота влезе во трката за републикански претседателски кандидат

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk