ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ДОМ, ЛДП и ДПТ : Има волја да се донесат уставните измени, почетокот е за поздравување

June 9, 2023 22:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Поместувањата што ги гледаме деновиве укажуваат дека има волја да се донесат уставните измени, пак ќе имаме „жешко “ лето како и секоја година, процесите многу брзо ќе се случуваат и веројатно до крајот на годината ќе биде извесно каде и како се движиме и кој ќе биде исходот од сето тоа. Европската Унија е цел на сите партии и мораме и можеме да се усогласиме. Ќе треба од некаде да се  почне, а почетокот засега е убав и е за поздравување.

Ова се оценките од Маја Морачанин, претседател на ДОМ, Моника Зајкова, претседател на ЛДП  и Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците искажани вечерва во Топ Тема на ТВ Телма, во однос на резултатите од лидерската средба на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со уставните измени.

– Тука, пред се, го гледам ставот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ дека веќе со оваа лидерска средба на која имаше различни коментари и изјави и од премиерот и од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, но мислам дека тоа е добра основа да продолжи дијалогот по овие прашања. Мислам дека може да се дојде до консензус, рече Морачанин.

Порача дека сето тоа треба да се случува во следните неколку месеци, бидејќи, како што рече, роковите не газат, скринингот завршува во ноември, процедурата во Собранието трае четири месеци, така што, нагласи, сега е моментот да почне целата собраниска процедура.

Зајкова потенцира дека поважна е европската иднина и напредокот на земјата во преговорите со ЕУ.

– Како партија го поздравивме чинот на ВМРО – ДПМНЕ да се вклучи во процесите: гласање за уставните измени и почеток на преговорите по поглавја кои треба да ни обезбедат реформи, кои за жал 32 години сами не успеавме да ги спроведиме, изјави Зајкова.

Иљас истакна дека ДПТ го поддржува патот кон ЕУ и тоа е и еден од нивните програмски цели.

– Ние повикувавме на целосен консензус на застапување на сите страни. Да не заборавиме дека уставните промени ќе бидат само еден дел, а до крајот имаме некаде над 120 закони каде ќе треба двотретинско мнозинсто, наведе Иљас во Топ тема на Телма.

Во однос на Предлог измените на Изборниот законик односно Предлог-законот, ДОМ, ЛДП и ДПТ се за една изборна единица, без изборен праг односно т.н. природен изборен праг. За нив, има напредок и е интересно што декларативно сите политички партии велат дека поддржуваат една изборна единица и прашањето е за изборниот праг.

Порачуваат дека сега е моментот кога треба да се прифати ова решение и на следните парламентарни избори да се оди со една изборна единица.

Според Морачанин, со поставување на изборниот праг од пет отсто се губи суштината на Предлог-зааонот и повторно се фаворизираат големите политички партии, а тоа е неповолно за помалите партии. Смета дека измените на Изборниот законик ќе го демократизираат целото општество и ќе ја зголемат одговорноста на пратениците.

За Зајкова, една изборна единица, без изборен праг е здраво е за плурализмот и демократијата. Во пракса, подвлече, живееме во биполарен свет. Таа информира дека ЛДП е подготвено да преговара за  2 или 2,5 проценти  изборен праг, но бараат и промена на математичката формула со која ќе се врши изборот на пратеници.

Според Иљас, треба да се земе предвид моделот на Изборниот законик на Хрватска или на Косово.

Извор: МИА

Tags: ДПТЛДП. ДОМуставни измени
Next Post
Во Белград одржан шестиот протест „Србија против насилството“ со најава за радикализација на следниот
Фото: МИА

Во Белград одржан шестиот протест „Србија против насилството“ со најава за радикализација на следниот

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk