Во населба Драчево во Скопје, вчера 15.15 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И.Ш.(29) од скопското село Елово.
Околу 11.00 часот во атар на село Елово, информираа денеска од МВР, тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а откако ги забележал полициските службеници побегнал. Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по преземени мерки И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.