ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Собраниски контролен механизам и максимум четири државни кампањи годишно, предвидуваат предлог-измените на Законот за медиуми

June 12, 2023 16:54
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Да постои контролен механизам во рамки на Парламентот што ќе оневозможи злоупотреба, а финансиските средства да не отидат само кај еден, два, три или четири меидуми, туку да има распределба – да учествуваат и национални телевизиии и телевизии кои зрачат со национална лиценца, но не се терестриални, како и регионални телевизии согласно одредена распределба и рејтинзи, е една од интенциите кои треба да се постигнат со измените на Законот за медиуми.

Како што рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, опфатени ќе бидат сите медиуми, вклучувајќи ги и радијата.

Законските измени се уште се во работна верзија, но во нивното конечно дефинирање треба да бидат вклучени сите релевантни чинители за да се изнајде долгорочно и одржливо решение.

Ковачевски потсети дека по Пржинскиот договор, кога се направија измените на Законот за медиуми, се укина можноста државата и општините да организираат информативни кампањи. Сега, со новите измени, рече, се предвидуваат по максимум три до четири државни или општински кампањи годишно, воопшто не се работи за секојдневно рекламирање и бомбардирање на граѓаните со нечии политички идеологии.

-Се работи за работна верзија на Законот за медиуми во делот на овозможување државата и локалната смоуправа да прават информативни кампањи значајни за граѓаните. Не зборуваме за рекламирање на државата, за политичко рекламирање какво што гледавме 11 години во владата на ВМРО-ДПМНЕ кога огромни финансиски средства се трошеа од државниот буџет за промовирање некакви идеолошки платформи. Во текот на корона кризата се покажа потребно да се информираат граѓаните, но законски тоа не беше можно, државата немаше начин како да комуницира со граѓаните. Затоа, подолго време се разговара со претатавници на медиумите. Кога ќе има финална верзија, ќе биде споделена со сите, истакна премиерот, одговорајќи на новинарско прашање по увидот во рехабилитацијата на пат во Демиркапискиот регион.

Постојат и здруженија на новинари, дополни Ковачевски, кои имаат свое видување на работите.

-Еден состанок е одржан, претставници на една медиумска организација дадоа свои видувања и идеи како во нивниот дел може да се реши. Ни претстои период кога ќе треба да изнајдеме начин и во делот на финансирањето информативни кампањи од општ, јавен инетерес, три – четири годишно, а не секој ден да ги бомбардираме грааните со реклани политички пораки, тоа е интенцијата, нагласи Ковачевски.

Тој потенцира и дека една од целите на законските измени е да се зголеми кавлитетот на програмите, на она што го гледаат граѓаните за да се унапредат, како што рече, и други аспекти од општеството.

Ковачевски се осврна и на демократијата и слободата на медиумите.

– Докажавме дека врвен приоритет ни е слободата на медиумите, а доказ за тоа стигна од Репортери без граници, од 138. место од Владата на ВМРО-ДПМНЕ кога бевме заробена држава, денес сме 38 земја во светот. Само лани напредувавме 19 места во рангирањето. Мислам дека имаме капацитет да продолжиме. Зошто да не станеме и прва земја во светот според слободата на медиумите, знаете дека можете слободно да известувате за секоја тема, истакна премиерот.

Тој во Демир капија, на увидот на патот, беше придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на ЈП „Македонија пат“, Костадин Ацевски.

Tags: Законот за медиуми
Next Post
(Foto: Wikimedia Commons)

На аеродромите во Шенген зоната се подготвува голема промена

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk