Државата има историска шанса и силна поддршка од стратешките партнери ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат, вели СДСМ
„Добро е што се воспостави дијалог и што Мицкоски јавно соопшти дека не е против уставни измени и прифаќа учество во заедничка Влада.
Сега дијалогот треба да продолжи, ДПМНЕ да ја прифати подадената рака.
СДСМ веќе предложи работна група од највисоки партиски претставници.
Сега, на ред е ДПМНЕ да номинира работна група и да продолжи дијалогот за уставните измени.
Се работи за носење одлука од која зависи остварувањето на уште една стратешка цел на државата, членство во ЕУ“, се вели во соопштнеието.