ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Делата на уметниците од Чешка, Полска, Унгарија и Словачка се знак за трајно пријателство на 60-годишнината од Скопскиот земјотрес

June 14, 2023 10:02
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Музејот на современата уметност – Скопје синоќа, во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

Изложбата, како што информираат денеска од Министерството за култура, е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност – Скопје. Со изложбата се одбележува и 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во поздравното обраќање истакна дека оваа изложба е доказ за едно долготрајно пријателство помеѓу нашата земја, и земјите од Вишеградската група.

-Изминативе години поминавме низ многу транзиции и реформи на нашите општества, но во тие трансформации, земјите од Вишеградската група се цврста поддршка во создавањето и на современ и проевропски Западен Балкан, рече Костадиновска-Стојчевска и додаде дека соработката во културата е можеби и првата што го движи моторот на евроинтеграциските процеси напред.

Костадиновска-Стојчевска посочи дека блискоста и разбирањето што Северна Македонија ја има со земјите од Вишеградската група, за нас се драгоцени придобивки во процесите кои ги развиваме во иницијативите на Отворен Балкан, и на Западен Балкан. – Нашата иднина е во овој модел на заедништво и меѓусебна поддршка, додаде таа.

Оваа изложба, нагласи министерката за култура, е потврда дека вредностите за кои денес зборуваме, се всушност поставени многу одамна.

-Подигнување на духот на една земја и на разрушениот град преку подарување на уметнички дела претставува висок чин на хуманост. Делата на уметниците од Чешка, Полска, Унгарија и Словачка се дел од меморијата на Скопје и на изградбата и развојот на овој Музеј, рече Костадиновска-Стојчевска, која ја нагласи улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ, а уметничките дела од овие земји се речиси 10 проценти од солидарната колекција на МСУ.

Министерката за култура истакна дека оваа изложба е чин на благодарност, но таа е и потсетување за важноста на пријателството и заедништвото помеѓу народите, особено во годината кога одбележуваме 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Словачка, Полска, Чешка и Унгарија, со чија финансиска поддршка се реализира ова комплексно ликовно претставување.

Во МСУ изложени се 96 дела од 86 уметници, односно претставен е избор од слики, скулптури и графики, кои се создавани во периодот од 1905 до 1989 година.

Овие дела претставуваат репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа.

Куратори на изложбата, која ќе биде достапна до 15 септември годинава, се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Tags: Костадиновска СтојчевскаУметници
Next Post

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен дилер

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk