ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Презентиран извештајот на Мoneyval Комитетот за евалуација на нашиот систем за борба против перење пари и финансирање на тероризам

June 14, 2023 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободното функционирање на финансиските системи е главната придобивки за граѓаните од неодамна усвоениот Извештај од петтиот круг на евалуација на системот за борба против перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија од страна на Мoneyval Комитетот при Советот на Европа што денеска беше презентиран во Скопје.

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов посочи дека во извештајот се оценети резултатите на полето на борбата против перење пари и финансирањето на тероризам што се постигнати во изминатите шест години.

Во извештајот, како што кажа, се препорачува државата да продолжи да ги имплементира меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање на тероризмот и со тоа да ја заеме и задржи оценката како најквалитетно поставен систем во регионот.

-Една од главните придобивки за граѓаните од извештајот ќе биде и коресподентскиот однос на сите финансиски институции, добивањето поволни услови за кредити од меѓународно значење и се значајни за државата што е овозможено со брзата интеграција во евроатланските интеграции, рече Трендафилов во поздравниот говор.

Во извештајот, како што кажа министерот за финансии Фатмир Бесими, што беше усвоен на 65-от Пленарен состанок на Комитетот што се одржа на 24 мај годинава, Мoneyval укажува на позитивните наоди и напредокот што го прави земјава во однос на прописите и правилата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам.

– Управата за финансиско разузнавање ќе има целосна поддршка од страна на Министерството за финансии, но и од целата Влада и сите државни органи за реализација на сите потребни активности за успешно справување со спречувањето на перење на пари и финансирање на тероризмот и сите други поврзани активности што влијаат негативно врз нашето општество, рече Бесими во поздравниот говор.

Тој посочи дека да се биде член на Комитетот на Мoneyval значи и обврска да се следат измените во меѓународното законодавство поврзани со спречување на перење на пари и финансирање на тероризам и нивно спроведување во домашното законодавство.

-Доказ за тоа кај нас се континуираните измени на регулативата од оваа област кои се еден од приоритетите на Владата. Обврска да се креираат мерки соодветни за новите трендови и психологии за перење пари и финансирање на тероризам, обврска за воспоставување на ефективни механизми за национална и меѓународна соработка помеѓу надлежните домашни и странски органи со цел да се спречи перењето пари и финансирањето на тероризмот како криминални појави кои ја поткопуваат стабилноста на финансискиот систем,

Порача дека континуирано се надградуваат нашите закони и легислатива и се развива системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот преку имплементација на меѓународни стандарди и преземање на голем број на иницијативи за нивно побрзо и ефикасно спроведување како стратешка цел.

Евалуацијата на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се спроведува од 47 земји-членки на Мoneyval. Мoneyval Комитетот има задача да ја процени усогласеноста на земјите-членки со меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот и ефективноста на нивното спроведување, како и да дава препораки до националните власти во однос на неопходните подобрувања на нивните системи. Земјава е член на Комитетот од 1998 година.

Tags: перење парифинансирање на тероризам
Next Post

Промовирање на безбедноста преку одржлив развој и економски раст во фокусот на конференцијата на ОБСЕ за економска и еколошка безбедност

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk