ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Промовирање на безбедноста преку одржлив развој и економски раст во фокусот на конференцијата на ОБСЕ за економска и еколошка безбедност

June 14, 2023 15:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Промовирање на безбедноста и стабилноста во областа на ОБСЕ преку одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст, беше фокусот на Струшката конференција за економска и еколошка димензија на ОБСЕ во 2023 година што се одржа во Струга, Северна Македонија, на 14ти јуни.

Настанот обезбеди платформа за претставниците од 57-те земји-учеснички на ОБСЕ, приватниот сектор, академската заедница, граѓанското општество и меѓународните организации да се вклучат во дискусии за економската и еколошката безбедност во регионот на ОБСЕ и во контекст на воената агресија на Русија против Украина.

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, на отворањето истакна дека последиците од климатските промени стануваат повеќе видливи и драматични насекаде низ светот, и дека ние мора да обезбедиме отпорност на енергетската инфраструктура и одржлива и сигурна енергетска транзиција, а со борбата против корупцијата и доброто владеење да обезбедиме предуслови за стабилен економско-социјален развој.

„Северна Македонија постојано и преку оваа Конференција, дава дополнителен поттик за економското заздравување и надминување на економските и еколошките предизвици во регионот на ОБСЕ. Борбата против корупцијата, како дел од проблематиката во Втората димензија, останува врвен приоритет на нашето Претседавање”, истакна Османи.

Со цел зајакнување на дијалогот и размена на најдобри практики, учесниците разговараа за теми како зајакнување на доброто владеење преку транспарентност и антикорупциски мерки, справување со предизвиците од климатските промени, промовирање на енергетската безбедност и поттикнување на отпорност преку поврзување, трговија и олеснување на транспортот.

Покривајќи широк спектар на теми од еколошките и економските прашања, кои ја сочинуваат втората димензија на безбедноста на ОБСЕ, учесниците и говорниците ја истакнаа итноста од развивање алатки за зајакнување на безбедноста, отпорноста и просперитетот на полето на климата, животната средина, технологија и трговија.

„Нашите економии штотуку почнаа да закрепнуваат. Мораме да работиме заедно преку споделување информации и поттикнување на регионалната и меѓурегионалната соработка, со цел вистински да влијаеме на теренот. За сите земји-учеснички е императив да се справат со далекусежните последици од сегашната ситуација преку воспоставување мерки и економски планови кои промовираат одржлив развој. Мораме да застанеме заедно во овозможувањето на одржлив и инклузивен економски раст”, рече Османи.

Околу 150 учесници ја искористија можноста на Конференцијата да го продолжат долгогодишниот дијалог за економски и еколошки прашања поврзани со безбедноста, кој традиционално се одвива во рамките на Економскиот и еколошки форум. Иако, Руската Федерација се спротивстави оваа конференција да се организира со консензусна одлука на 57 земји, па затоа Северна Македонија беше принудена да ја организира како настан на претседавачот.

Струшката конференција беше организирана од страна на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со поддршка на Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ.

Tags: безбедностМНРОБСЕСтруга
Next Post
Image: KCNA

Јужна Кореја ја тужи Северна за кревањето во воздух на заедничката канцеларија за врски во 2020 година

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk