Нуркачите од „Акватек“ често споделуваат што пронаоѓаат во водите на Охридското езеро. Овој пат, ја израдуваа јавноста со веста дека на дното на езерото пронајдоа колонија од ракови полна со јајца, што значи дека овој загрозен вид сѐ почесто се среќава во езерските води.
„Прекрасно зимско студено нуркање на длабочина од околу 10 метри, наидовме на живеалишта од слатководни ракови. Овие ракови порано ги среќавале на брегот од езерото, но сега брегот од езерото е узурпиран и ретко се среќаваат на брегот, но ги има, се размножуваат, треба да ги чуваме… ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ“ – напишаа од „Акватек“ на нивниот Фејсбук-профил.