ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

КФОР: Во контакт сме со српските власти во врска со косовските полицајци

June 15, 2023 09:29
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, синоќа соопшти дека е во контакт со српските власти за да добие официјална информација во врска со настанот на граничната линија меѓу Косово и Србија.

Косовската полиција соопшти дека тројца нејзини припадници се „киднапирани“ на територијата на Косово, додека во Белград се вели дека биле уапсени од антитерористичките единици на Жандармеријата на територијата на централна Србија, во општина Рашка.

Инцидентот, како што соопшти косовската полиција, се случил вчера напладне, кога наводно биле киднапирани полицајци од српските сили при патрола во градот Тресава/Баре, на граничната линија на северот на Косово. Косовската полиција соопшти дека за овој инцидент го известила КФОР.

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано,   изјави дека ЕУ е во контакт со Косово и Србија, како и со КФОР, со цел да дознае повеќе што се случило со косовските полицајци за кои Приштина тврди дека биле киднапирани од српските сили. „Ние сме во контакт со двете страни, како и со Кфор, за да утврдиме што точно се случило и како. Ги повикуваме Косово и Србија да се воздржат од каква било акција или реакција што може дополнително да ги зголеми тензиите. Го повторуваме повикот  за итна деескалација“, рече Стано.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ  изјави дека ниту еден војник на војската на Србија, ниту еден полицаец не ја преминал границата  при апсењето на тројца припадници на Косово. Тој изјави дека се уапсени на 1,8 километри од граничната линија на потегот Орахово-Гњилица. Вучиќ изјави дека се води истрага за апсењето на вооружените косовски специјалци и посочи дека Белград е подготвен да ги обезбеди сите докази и дека нема проблем сите да прикажат сателитски снимки.

Tags: контакткосовските полицајциКФОРсрпските власти
Next Post

Силен земјотрес ги погоди Филипини, засега нема извештаи за жртви

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk