Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе е решен да остане во парискиот клуб, објави „RMC Sport“.
Дваесет и четиригодишниот Французин има намера да го одработи актуелниот договор, кој е до 2024 година, и покрај шпекулациите за преселба во Реал Мадрид ова лето.
Во сезоната 2022/23, Мбапе одигра 43 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 41 гол и 10 асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на 180 милиони евра.