Целосно е нереално да се очекува дека повторно ќе ја отвораме Преговарачката рамка. Германија ќе биде против тоа, вели во видео – интервју за МИА специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
-Преговарачката рамка беше едногласно усвоена од 27-те земји членки и нема повторно да отвораме процес за донесување таква одлука. Таа е донесена и не може да се промени. Таа претставува гаранција за Северна Македонија и не може лесно да се смени потоа и Бугарија да не може понатаму да поставува нови услови во неа. Тоа беше и една од клучните поенти на предлогот минатата година. Затоа е целосно нереално да се очекува дека ние повторно ќе ја отвориме. Германија ќе биде против повторно отворање на Преговарачката рамка, вели Сарацин.