Ни бевме иницијатори и подадовме рака за разговор и за лидерска средба, кажа заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во ТВ24.
-Понудивме и пет министерства на ВМРО-ДПМНЕ од нашите десет за да бидат дел од Владата и ЕУ повеќе ќе го почитува нашето единство, рече Лукаревска.
Таа додаде дека процесот на уставни измени мора да успее, а таква е и пораката на меѓународната заедница и високи претставници.
-Треба дома да си ја завршиме задача и добро е што и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува измените, па еве и Мицкоски нека биде премиер. Ние не се водиме од интересот за партиските рејтинзи за пред граѓаните, туку ова е борба за стратешките интереси, во спротивно ќе останеме во изолација и ќе продолжиме да функционираме како во мрачното режимско време. Преку компромис и дијалог треба да покажеме дека заслужуваме да сме дел од ЕУ, кажа Лукаревска.