„Поради тоа, од суштинско значење е да преземеме конкретни чекори за подобрување на инфраструктурата и врските во регионот. Создавањето на заеднички дигитален пазар преку напредната технологија ја отвора вратата за низа можности во други клучни сектори како што се инфраструктурата или образованието. Го цениме започнувањето на регулаторниот дијалог помеѓу Европската Унија и Западен Балкан, фокусиран на законодавните реформи, во согласност со целите на дигиталната и зелената трансформација“, истакна министерот.
Специјален гостин на овој панел беше министерката за информатика и дигитализација, Емилија Стојменова Дух, која изјави дека успехот на дигиталната трансформација може да се постигне доколку граѓаните веруваат во дигиталната трансформација.
Министерот Алиу исто потсети дека активно се работи на основањето на дигиталната агенција која ќе служи како катализатор во нашето дигитално патување и ќе се фокусира на четири столба: сајбер безбедност, ИТ инфраструктура, софтверски решенија, академии и обуки.
„Дигиталната револуција е реалност, но истотака и процес во тек. Дигитализацијата на нашите системи, јавни услуги и инфраструктура има свои недостатоци, особено од сајбер нападите. Затоа мора да работиме напорно за преземање активности за подобрување на соработката за сајбер безбедноста во регионот преку зголемување на заштитата на критичната инфраструктура и зголемување на безбедноста на нашите дигитални системи и мрежи”, pече Алиу.
Панелистите заклучија дека дигиталната трансформација на Западен Балкан претставува предизвици и можности. Преку партнерства, можеме да ги надминеме овие предизвици и да ги искористиме можностите пред нас. Со подобрување на инфраструктурата и поврзувањето, со одговорно прифаќање на новите технологии и ангажирање на меѓународни организации и донатори, можеме да го отвориме патот за просперитетна дигитална иднина.