ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премногу добро се гледаме за да не се мразиме

June 18, 2023 16:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Нема бугарски диктат, Мицко, престани да се пумпаш со патриотизам како тракторска гума со воздух. Пред орање. Мокро е, не ти предлагам да влегуваш во македонската нива. На масата ти е влезница за предворјето на Европската унија.

На Вимблдон не вршат диктат кога од посетителите бараат влезници. Но, тебе не би те пуштиле и со влезница затоа што првиот полицаец ќе те оцени како безбедносна опасност личност од највисок степен. Таква ти е фацата и тоа што Бугарите го викаат обајание. Тоа би бил дикат. Признавам. Што да прават Англичаните кои се плашат дека би можел да помислиш дека микрофонот што го поставуваат за победникот на мечот, е на бојаџискиот идиот од Алфа и дека ти треба да се симнеш да држиш говор и да му кажеш на Григор Димитров дека ако некој не е тоа што е, тогаш е тоа тој кој не е Бугарин туку е Македонец.

Што е полошо отколку на теренот да се симнеш гол.

Што ќе види Кејт Мидлтон?

И на ОФФест не би можел да влезеш без да си купиш влезница.

Или Белопета да ти ја подари.

Во што не верувам.

Нема да ти даде влезница,  но не можеш човекот да го обвиниш дека е диктатор или дека  неговиот акт е диктат.

Освен тоа логично е да претпоставиме дека ако не прифаќаш бугарски диктат можеби ќе прифатиш Фарски или Ирски, Зеленортски.

Конечно, зборев со Бугарите, знаеш ли што ми рекоа?

Ми рекоа дека немаат поим за каков диктат зборува првата тарабука на македонскиот симфониски оркестар на лажните патриоти.

Тоа е, престани да се глупираш во антидиктаторската поза како балон на хелиум, без песок и други тегови и јажиња, дури и без корпа.

Ти си будала.

Како цепелин во олуја.

Хинденбург, јеботе бог.

Лесно си запалив.

Би сакал да испадне дека си будала оти ако си луд тоа ќе биде многу лошо за тебе; би морале да те затвориме во некоја душевна болница пред да успееш да ја активираш руската бомба со софиско полнење.

Тоа значи дека луѓето од одбезбедноста веќе треба да се пред твојата врата што, слушам, си ја купил од наследство што си го продал + си дигнал кредит и си зел позајмица од една будимпештанска стока.

А сега малку филозофија, драги мои. Оти ако дозволиме вморонските пицајзли да ни шетаат под кожата на пенисот и по срамните влакна, може да стане неиздржливо и да предизвика граѓанско-сељачка војна во која сељаците со четирите свети букви ќе завршат како мрши на буништето на историјата.

Неговото височество Гаетан Пикон.

Со скокови ала Дуплантис.

Новиот свет пружа простор на огромното извртување на очигледностите – и никој не може да стапи во него, а во себе да не изврши коренито преобратување, од корен да не го извади духот од неговото традиционално  и природно тло.

Дали е ова диктат. Да, но не бугарски, Мицко, туку диктат на времето.

Мораме да сме спремни за коренито преобратување, дир Христијан.

Јасно ли ти е или ќе се повлечеш од амбицијата да ги уредуваш општите работи.

Ние повеќе не можеме да очекуваме од историјата единство на сите наши тежненија, тоа највисоко добро што сме го проектирале во иднината затоа што сме го изгубиле во сегашноста.

И ова ли не го разбираш?

Ако е така тогаш си дефинитивно безнадежен во поблага варијанта и крајно опасен во реалната варијанта на македонското постоење.

Присуствуваме на општа осека на идејата на објективноста. Секаде се наоѓа истражувач кој е имплициран во сопственото истражување.

Коцарев!

Ќулафкова!

Чепреганов!

И други благонадежни кретенчуги на идејата.

Историјата престанува да се појавува како објективно сознание: историчарот го открива она што е историско само кога тој ќе стапи во игра. Ние го разбираме минатото спрема  нашето  сегашно тежнение што е смисла што и ја даваме на нашата иднина
Од сите страни никнуваат стварности кои ги свртуваат нашите некогашни очекувања. Тоа е затоа што ние ги приморавме да се појават. Една нова коперниканска револуција ја пореметува најопштата перспектива на мислите.

Да станеш свесен на сексуалноста, за психоанализата е наш единствен излез за очовечувањето. Да станеш свесен за отуѓувањето, за марксизмот е единствен начин да дојдеме до бескласно општество и до целосен човек. Ставот дека Господ е мртов не е секогаш кукумјавчење. И агресивноста не е секогаш срамно откритие туку сила која ќе и отвори пат на натчовечноста. Откриените страсти кои се мотаат под илузиите на незаинтересираноста го осудуваат самото лицемерство на доброто, то ест: тие се патишта на животот.

Светот се оттргнува од себе и престанува да се сака самиот себе.

Како Македонија и Македонците под вашето влијание.

Се случува нашиот суд да е одвоен од нашето верување, премногу слабо или премногу надворешно на нас за да превагне. Она што веруваме, чувствуваме, правиме, му противречи на она што мислиме или не води сметка за тоа.

Исто е и со сè што проповедаме.

Така Пикон ги сликал Македонците уште пред седумдесет години.

Хахаха!

Секој знае што е современиот страв.

Понекогаш изгледа како дека нашето време го затворило кругот на сите чудовишта околу нашата напуштеност. Од мртвиот Бог, негираниот разум. Несфатената вселена и несфатливата историја, избива една семка во која се открива нашето ништавило:

Одвоен од сите верувања кои му помагале да живее, човекот е обезглавен. Анонимен во анонимноста на големиот град, подвргнат на немилосрдна конкуренција без лице, откако ја загубил својата природна интеграција и органска општествена средина и пиедесталот на традицијата, без ритуали, без митови, без илузии, умирајќи од зима во смртта на легендите, напуштен од Арисиевите пчели, тој живее неавтентично, со грешна свест. Луцидноста е наше единствено оружје. Но, несомнено разорно: премногу сè добро гледаме за да се сакаме.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Мицко против Мицкоски

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk