ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За нас е многу важно да имаме партнерство со граѓаните, вели Спасовски за „Отворен кабинет“

June 19, 2023 10:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Непосредната комуникација со граѓаните преку „Отворен кабинет“ ја гради довербата. За нас е многу важно да имаме партнерство со граѓаните. Ова е само надоврзување на формирањето на локалните совети за превенција, на отворање на интитуцијата, на подигање на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со актуелниот проект на МВР „Отворен кабинет“.

Во денешното гостување во Утринската програма на МТВ, Спасовски рече дека во многу градови има луѓе кои имаат потреба да разговараат со министерот за внатрешни работи и дека „Отворен кабинет“ е одлична пракса.

Тој потсети дека досега МВР организираше „Отворен кабинет“ во Штип и во Струга и дека мнозинството граѓани доаѓат за општи проблеми, наместо за вообичанието за вработување.

– Карактеристично е што и во двата града дојдоа претседатели на здруженија. Во главно граѓаните најчесто разговараа за состојбите во сообраќајот, за безбедноста, за тоа како да пристапуваме кон учениците, училиштата, што би требало да бидат темите на нашите превентивни активности, истакна министерот Спасовски.

Според него, ова е одлична можност граѓаните да прашаат, да дадат одредена сугестија, одреден коментар кој за МВР би бил многу корисен.

– Добро е тоа што ние како кабинет поминуваме еден работен ден надвор од Скопје, од вообичаеното клише кое го имаме. Да пратиме порака дека само близината, непосредната комуникација ја гради довербата. За нас е многу важно да имаме партнерство со граѓаните, нагласи министерот Спасовски, додавајќи дека МВР од најзатворена институција во 2017 година, денес под актуелното раководство е во една од институциите кои ужива најголема доверба и една од трите најтранспарентни институции во државата.

Tags: МВРОтворен кабинетСпасовски
Next Post
(Foto: PA)

Старџен има намера да се врати во работата на шкотскиот Парламент

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk