Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковечевски на 20.06.2023 година (вторник) ќе се обрати на одбележување на 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи” од Крсте Мисирков.
Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” со почеток од 10:00 часот.