ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонскиот јазик е веќе дел од европските јазици, вели Ковачевски

June 20, 2023 12:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Македонскиот јазик е веќе дел од европските јазици. Македонскиот јазик јасно стои испишан на преведувачките кабини во Брисел, целото ЕУ законодавство се преведува на македонски и билатералниот скрининг се одвива на македонски јазик, рече денеска премиерот Димитар Ковечевски.

Одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето на јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”, Ковачевски уште еднаш напомена дека македонскиот јазик е македонски јазик во Преговарачката рамка.

-Македонскиот јазик е јасно напишан во Договорот Фронтекс и тоа беше еден од условите во преговорите, стои заедно со сите други јазици на ЕУ, без никакви додатни фусноти и дообјаснувања, а овој Договор е одобрен од сите земји членки, вклучително и Бугарија и Грција. Тоа значи дека и кога ќе одите во Брисел, македонскиот јазик јасно стои испишан на преведувачките кабини, целото ЕУ законодавство се преведува на македонски и билатералниот скрининг се одвива на македонски јазик, зашто нашите тимови во најголем дел го користат македонскиот јазик. Ова значи афирмирање и потврдување на македонскиот јазик како дел од ЕУ. Тоа го потврдуваат и земји членки на ЕУ преку нивни резолуции како што направи Бундестагот кој јасно ја потврди својата поддршка и признавање на македонскиот јазик, култура и идентитет и даде поддршка за зачленување на Северна Македонија во ЕУ каде македонскиот јазик, култура и идентитет ќе бидат дел од мозаикот на европскиот идентитет и со тоа, не постои поголема потврда и поголем доказ дека македонскиот јазик веќе, со одлуките што ги донесовме минатата година, е дел од европските јазици, односно јазиците на ЕУ, подвлече Ковачевски.

Tags: Ковачевскимакедонски јазик
Next Post

Уставните амандмани нема да бидат разгледувани на денешната владина седница

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk