Организаторите на Скопје Прајд соопштија дека годинашното издание ќе се одржува под мотото „Гласни и горди“.
Настанот ќе се одржи на 24 јуни, сабота, почнувајќи со собирање на учесниците во паркот Жена- борец (спроти Собранието на РСМ) од 17 до 19 часот.
По обраќањата на активсти и активисти, како и и претставници на ЛГБТИК+ заедницата, од 19 до 20 часот следува маршот низ скопските улици којшто ќе биде придружен со DJ сетови.
Скопје Прајд 2023 ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од регионот и земјата и DJ сетови. Културно-забавната програма ќе се одржи на Стадиниот на АРМ и ќе започне од 20:30, а ќе трае до 1 часот по полноќ.
Организаторите засега потврдија дека Тамара Тодевска ќе настапи на Скопје Прајд 2023.