ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Делегација на ССК учествува на 13 Светски коморски конгрес во Женева

June 21, 2023 10:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски и потпретседателите Горан Ѓоргиевски и Сашо Дуковски учествува на 13 Светски коморски конгрес кој се одржува од денес до 24 јуни во Женева, Швајцарија, како еден од најважните коморски настани со меѓународен импакт и влијание.

Темите кои се дискутираат на Конгресот се осврнуваат на најзначајните актуелни глобални прашања, а тргнувајќи од тоа дека меѓународната економија е клучна за унапредување на политичката соработка меѓу државите, програмата на конгресот е дизајнирана со фокус на „Постигнување мир и просперитет преку мултилатерализам“. Главните дискусии и дебати ги носат истакнати луѓе од економскиот и општествениот живот, меѓу кои и највисоки претставници на Интернационалната стопанска комора (ICC), Светската трговска организација, бизни организации и институции од целиот свет меѓу кои и Антонио Гутерес, генерален секретар на ОН и Аџеј Банга претседател на Светска банка, кои во глобални рамки имаат важен импакт за креирање на подобри услови за водење на бизнисите.

Програмата на Конгресот ја обработува главната тема преку три под теми распоредени во текот на трите дена, мултилатерализам, иновации и одржливост.

Настанот се организира во Женева поради нејзиното глобално значње, како седиште на 39 меѓународни организации, вклучително и Светската трговска организација, над 400 невладини организации и 931 мултинационална компанија.

„Женева е важен центар за креирање на политики и правила на меѓународно ниво поради што и нуди можности најдобро да се покаже главната теза на конгресот дека мултилатерализмот е патот до заедничкиот просперитет. Горд сум што на ваков настан од највисок ранг имам можност да ја претсавам нашата држава како претседател на Сојузот на стопански комори. Моја должност и задоволство е да работам, со моите колеги, на подобрување на економските услови ширум светот Настанот дава уникатна можност да се искористи меѓународната експертиза во унапредување на локалните состојби, преку можноста да се научи од туѓото искуство“, вели Ангелоски.

Ангелоски е и член на Генералниот Совет на Светската коморска федерација и единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој.

Tags: ЖеневаССК
Next Post

Обединетите Нации не ги замениле знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk