ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска од Белград: Преку концертот на Мехта со Белградска филхармонија, градиме пријателство во Отворен Балкан

June 21, 2023 10:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, синоќа на покана на потпретседателката на српската Влада и министерка за култура, Маја Гојковиќ присуствуваше на свечениот гала концерт со кој Белградската филхармонија, под диригентвсо на маестро Зубин Мехта, ја одбележува 100 годишнината од своето постоење. Настанот е во рамките на Иницијативата Отворен Балкан, и овој ексклузивен концерт ќе биде изведен и во Тирана и во Скопје.

На овој редок, свечен настан, министерката Костадиновска-Стојчевска изјави:„Отворениот Балкан е добра вест за културата. Балканот отсекогаш бил отворен за уметниците, а нашата цел е да ги отстраниме бариерите од каков било вид. Културата го додава неопходното чувство на пријателство и искреност на секој договор и секоја иницијатива за соработка.

Им ја честитам годишнината на белградските симфоничари и посакувам многу здравје на маестро Мехта, кој е силен поддржувач на Иницијативата Отворен Балкан. Нашата соработка во културата е доказ за силата на нашето заедничко наследство и меѓусебно почитување.“

Министерките за култура на Србија и на Северна Македонија, Гојковиќ и Костадиновска-Стојчевска го продолжуваат дијалогот за важноста на Иницијативата Отворен Балкан и за моќта на уметноста во креирањето на дијалогот и аспектите на културната соработка во регионот, преку денешните активности и посета на институции од културата во Белград.

Tags: БелградКостадиновска СтојчевскаОтоврен Балкан
Next Post

Спасовски: Заедничка посветеност во спречување на илегалната миграција и криумчарењето мигранти

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk