ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Михаилоски: Нашата генерација расте во време на промени кои одземаат здив

June 21, 2023 19:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Михаилоски: Нашата генерација расте во време на промени кои одземаат здив

Михаилоски: Нашата генерација расте во време на промени кои одземаат здив

Share on FacebookShare on Twitter

„Нас во СДММ, никогаш не не интересирало кој како изгледа, кој во што верува, кој кому се моли, се обединуваме во истата идеологија на социјалдемократија и каузата што значи просперитет. Импресиониран сум од резултатите и напредокот кои ги постигнуваме заеднички, здружено. Ние сме млади, ние сме идни лидери во бизнис секторот, лидери на општествени промени. Ние сме лидери во спортот, музиката, културата. Ние сме лидерите неопходни за позитивните промени во државата“ рече претседателот на Социјалдемократската младина, Марко Михаилоски на младинската трибина „Младина, иднина, Европа“ во Скопје.

Тој додаде дека оваа генерација расте во време на промени кои одземаат здив и во време на предизвици кои се огромен залак дури и за поискусните, но во ова доба во кое се живее брзо, се уште младите веруваат дека може да го променат светот.

„Помина една година во која силно се трудевме да дадеме придонес за хармонично секојдневие на секој еден млад човек во државата. Учевме едни од други, се поддржувавме едни со други, не се плашевме да преземеме акции дури и тогаш кога длабоко во себе не бевме сигурни дека ќе успееме, затоа што потенцијалот и желбата за подобро утре секогаш се поголем предизвик од нашите стравови“ рече Михаилоски.

Претседателот на СДММ рече дека организацијата од неговата партија ја зацврстува и зголемува соработката со младинските организации, политичките подмладоци и независните фондации од други земји.

„Го подобруваме стандардот на студентите, поттикнуваме активности кои промовираат здрави навики, зелена и еколошка држава. Заедно со другарите од останатите политички подмладоци учествувавме во подготвката на националната стратегија која ќе гарантира квалитетен живот и поголеми можности за сите млади. Мотивирано продолжуваме да генерираме идеи и поместуваме граници. Нашите идеи и заложби се понудата и надежта на оваа земја“ рече Михаилоски.

Tags: Михаилоскимладинска трибинаСДММ
Next Post
Тренчевска: Во Европа сме познати по имплементацијата на Гаранцијата за млади, се вклучиле над 80 илјади млади

Тренчевска: Во Европа сме познати по имплементацијата на Гаранцијата за млади, се вклучиле над 80 илјади млади

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk