ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

НАкС: Гранковиот колективен договор за високо образование и наука единствено системско решение

June 22, 2023 10:31
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот академски синдикат (НАкС) заедно со Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), вчера одржаа прес-конференција на која ги образложија ефектите од првиот гранков Колективен договор за високо образование и наука, потпишан на 4 мај 2021 година и ги претставија плановите за потпишување на нов договор.

Оттаму ја известуваат јавноста за правата кои вработените во сите јавни високообразовни и научни установи ги стекнаа со неговото потпишување.

Дел од најважните права за кои НАкС и СОНК се изборија со Колективниот договор се:

Ø Покачување на платите на наставниот кадар во просек од 40% во последната една и пол година;

Ø Покачување на платите на ненаставниот кадар во просек од 15 – 50 % во последната една и пол година.

Ø Право на континуиран пораст на платите;

Ø Загарантирана исплата на минат труд од основниот буџет на МОН;

Ø Утврдување на платите согласно сложеноста на работните места;

Ø Поставување на праг на оптовареност за наставниот кадар во делот на наставата;

Ø Проширување на основата за покренување штрајк, вклучително и заради одбрана на автономијата.

Ø Право на учество на вработените преку синдикален претставник во работата на раководните тела и органи при одлучување за материјалната и социјалната положба и правата од работен однос, како и во врска со условите за работа и безбедноста и здравјето на работното место.

„И по истекот на рокот за кој е потпишан, Колективниот договор не е завршен, одосно во сила се сите негови одредби сè до потпишување на нов. Меѓу клучните придобивки во Колективниот договор се предвидените механизми за годишно усогласување на платата врз основа на растот на просечната плата, како и непрекинатиот континуинет во примената на сите негови одредби сѐ до потпишување на нов договор.

По две години од неговата примена, јасно е дека Гранковиот колективен договор е најдоброто системско и сеопфатно решение, со кое на секторот високо образование и наука му се гарантира неопходната стабилност и транспарентност во работењето, но и дополнително унапредување на правата на вработените преку потпишување на поединечни колективни договори на ниво на работодавач. Во изминатиов период стана исто така јасно дека е неопходно изнаоѓање на подобри решенија за некои негови аспекти, како што се висината на коефициентите со кои се вреднува сложеноста на работните места, а кои во овој момент сѐ уште се најниски споредено со регионот,

покривањето на трошоците за функционален додаток за сите факултети подеднакво, покривањето на трошоците за прекувремена работа. Особено е важно да се изнајдат подинамични решенија со кои основата за исплата на платите на вработените ќе го следи порастот на минималната плата во државата и реалните трошоци за живот. Имајќи го предвид сето ова очекуваме час-поскоро да започнат преговорите со МОН за нов Колективен договор, со кој за сите вработени ќе се обезбедат уште подобри услови за работа. Ги поттикнуваме вработените во високото образование и науката да му дадат поддршка на овој процес така што во погoлем број ќе се придружат во синдикалните организации“, порачаа од НАкС.

Tags: НАкСобразование
Next Post

Земјотрес од 4,6 степени според Рихтер го погоди Крим

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk