Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во морето, кај брегот на Крим, а епицентарот се наоѓал на 59 километри од Севастопол, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што се наведува, земјотресот се случил во 5:42 часот по московско време во морето јужно од Севастопол, на длабочина од 10 километри.
Крим е трусно подрачје, а во последните 100 години таму се забележани голем број земјотреси со интензитет од 5 до 7 степени според Рихтеровата скала.