Министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милески, предлага отворените листи да се тестираат на наредните локални избори. Милески тврди дека има веќе консензус од сите политички партии. За оваа цел, тој најави дека веќе има подготвен текст кој очекува да се изгласа и во Собрание до Нова година.
За спроведување на моделот со отворени листи на парламентарни избори, Милески тврди дека нема консензус од сите политички партии, а особено за тоа не се спремни поголемите политички партии.
“Наша заложба е да има отворени листи и една изборна единица. Меѓутоа поголемите политички партии не се спремни за тоа. Она што како Министерство за локална самоуправа интервенираме е да има отворени листи за избор на советници, да нема време да речат не е моментот пред локални избори. Ние тоа како пакет за децентрализација го подготивме и го предлагаме и се надевам до Нова Година, Собранието ќе влезе во постапка на промена на начинот на избор на советници, па да видиме како тоа ќе функсионира.
СДСМ тоа го има во програмата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во два јавни настапи кажа јавно дека е за отворени листи на локални избори. Гледам за тоа дека има консензус и затоа се надевам дека тоа ке го решиме. За отворени листи на парламентарни избори чуствувам дека нема консензус и ние како партија не сме концентрирани на тоа. Ќе го поддржиме тоа, се приклучивме на иницијативата на пратениците меѓутоа мислам дека тешко ќе се реализира за овие парламентарни избори”, изјави Милевски.
Одговарајќи на новинарски прашања за најавите за нови партии, тој додаде дека веќе нема простор за формирање на нови политички партии особено во периодот кога предвремените избори се секој ден почести во реториката на политичките партии.
Арбен Зеќири