Минатиот викенд односно од 22 до 24 јуни во Охрид се одржа второто издание на Охридскиот вински фестивал “Ohrid Wine Festival”.
Трите дена на фестивалот поминаа во голема посетеност и позитивна атмосфера без ниеден инцидент.
Македонските винарии го презентираа своето портфолио по пристапни цени, додека македонските музичари и артисти покажаа дека знаат да направат одлична забава.
Трите фестивалски дена покажаа дека Охрид нуди одлична можност за подигнување на винската култура во Македонија, одлична можност за промоција на македонските вина за странските туристи кои исто така беа присутни на фестивалот.
Полека но сигурно “Ohrid Wine Festival” постанува традиција со која ќе се започнува летната сезона на Охрид, манифестација која допринесува во туристичката понуда и културниот живот во Градот.
Од организаторите “Крафт Продукција” се заблагодаруват на сите вклучени во организација на настанот, винариите, музичарите, Општина Охрид, но најмногу на посетителите кои го оценуваат ова издание како одлично.