Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Исус е распнат поради исти или слични причини поради кои неговите наследници од МПЦ во четврток, ако добро разбрав, ќе организираат протести против законот за матична евиденција и родова еднаквост.
Против слободата и природата на луѓето. Христијанството е родено во пробивот на стварноста која почнала да ги притиска и тероризира внатрешните содржини.
Реалноста ја примила еврејската културна рамка и римското присуство и така се родило христијанството.
Тоа не е од Бога дадено, туку е резултат на револуционерните набои во тогашното општество.
Да биле овие од МПЦ во тоа време, Костадинов не би го пуштил Исусек во струмичкиот Ерусалим, некоја претходница на гоцевата раса би го претепале во првата меана или вмороните би го корумпирале и од тоа што денеска е означено дека треба да се брани во прогласот на организацијата за фундаменталното ограничување на македонскиот ум, не би било ништо.
Како што и сега е.
Сите стравови се инструментализирани, тие се политички, не се верски, а и да се верски што има верата да ни натура општи решенија, но не се, верата ако се чита верски без политички поттексти е на страната на законите и на слободите.
Башка што сите великодостојници немаат или не би требало да имаат никакви референци да судат за полот, сексот и родот.
Седете си дома и уживајте.
И оставете ги другите да уживаат во животот.
Таков каков што тие го сакаат.