Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции.
Како што соопшти МВР, изречени се и 15 мерки за возење без возачка дозвола, една за управување возило под дејство на алкохол, осум за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли. шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, една за користење мобилен телефон при управување возило и четири мерки за некористење сигурносен појас.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.