Во Подгорица, Црна Гора, во тек е Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, кој присуствува на настанот, му се заблагодари на претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, за срдечниот пречек.
„Благодарам за срдечниот пречек од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, земја актуелен претседавач на ПСЈИЕ“, сподели Пендаровски.
Претседавањето на нашата држава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа започнува на 1 јули 2023 година.