ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Културата не е семоќна, но е силна порака за живот без предрасуди, без расизам и без дискриминација

June 27, 2023 12:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во рамките на работната посета на Стразбур присуствуваше и се обрати на 7. пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија.

Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска рече дека навистина е чудно како човечката омраза најбргу расте кон оние што не ги познава доволно или кон оние што го немаат имиџот на своја, силна држава. Или кон оние што се незаштитени и кон кои насилниците можат без последици да се однесуваат со омаловажување и дискриминација.

Костадиновска-Стојчевска рече дека Република Северна Македонија, иако по територија е мала држава, е дом на многубројни етнички заедници.

„Ромите се народ кој е признат и впишан во македонскиот Устав, имаат своја општина, свој градоначалник, своја локална самоуправа, единствена во Европа. Но, не значи дека предрасудите автоматски исчезнаа. Долготрајни беа напорите и на институциите, но уште повеќе на невладиниот сектор, најнапред да се направи разлика меѓу циган и Ром, да се разбере дека првиот збор има навредлива симболика, а дека вториот е точниот збор. Ром како народ“, рече министерката за култура.

Таа додаде дека  високо ценејќи ја културата на Ромите и нејзината посебност како нивно нераскинливо идентитетско обележје, Министерството за култура, и покрај неколку слабости што ги акцентираше во Националниот акциски план за културата, е силен сојузник и поддржувач на реализацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030.

„Во Стратегијата, како наш долг кон уникатната ромска култура, се обврзавме на нејзино институционално зачувување, развој и промоција. Тоа го правиме и убедена сум дека ќе биде направено и порано од крајниот рок што си го зададовме. Впрочем, Ромите се нераскинлив дел од нашата заедничка култура. И колку повеќе ја осознаваме нивната култура, толку повеќе ги разбираме убавината и корисноста на различностите“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсети дека и оваа година, преку Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата, Министерството за култура поддржа многубројни проекти на ромски автори, манифестации и фестивали во издавачката, фолклорната, драмската и меѓународната дејност.

„Преку програмата Креативна Европа, продолжи да функционира еден извонреден проект за бесплатно музичко образование за сите талентирани деца и млади кои не можат финансиски да си го овозможат ниту тоа образование, а уште помалку да купат инструмент. Невладината ’Рома рок скул‘ во изминатите години создаде многубројни бендови со членови од сите етнички заедници, кои на рок-музиката ѝ додадоа уникатен шарм вметнувајќи делови од ромскиот мелос. Овој проект е поддржан и од Министерството за култура“, информираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа истакна дека: „Културата не е семоќна,  но е силна порака“,  и затоа треба преку националните културни вредности да ја збогатиме колоритноста на идентитетската карта на Европа и со меѓусебно почитување да создадеме заеднички културен простор, удобен за сите.

Според министерката за култура, во Стразбур, каде што е седиштето на Чуварот на човековите права – Советот на Европа,  и денес голем е бројот на претставки за непочитување на основното право – да се нарекувме онака како што чувствуваме.

 „За жал, слобода, демократија, човекови права и владеење на правото – зарем тоа не се вредности што сите ги заслужуваме и еднакво треба да ги уживаме. Зарем европскиот културен идентитет е целосен и реален без прифаќање на нашата разноликост. Ќе можеме ли да се справиме со негативната страна на вештачката интелигенција, а сè уште водиме битка со дискриминацијата, ксенофобијата, нетолеранцијата, говорот на омраза, трговијата со луѓе, насилството врз жените и врз децата, фемицид, криминал и корупција, интернет-криминал…“, потенцираше министерката за култура.

На крајот од своето обраќање, Костадиновска-Сојчевска изрази надеж и уверување дека најмладите генерации, кои сега растат во еден поинаков свет, ќе живеат во свет  без предрасуди, без расизам и без дискриминација.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 7-от пленарен состанок на Управниот комитет за анти-дискриминација, диверзитет и инклузија денеска во Стразбур се обрати и од името на  министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и  Владата на Северна Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Костадиновска СтојчевскакултураСтразбур
Next Post
(Photo by Dia Dipasupil/Getty Images)

(ВИДЕО) Џенифер Лоренс објасни зошто не се грижела за „урнебесната“ гола сцена во „No Hard Feelings“

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk