ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Градењето капацитети

June 29, 2023 12:34
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУАН ИМЕРИ

Иницијативите за градење капацитети се покажаа како клучни во зајакнувањето на улогата на граѓанските организации насекаде низ светот. Има безброј примери на такви успешни приказни. Поддршката за овие организации може да дојде во најразлични форми а вистинската комбинација на поддршка може да помогне во зајакнувањето на внатрешните системи, промовирањето на финансиската стабилност и давање критична помош на организацијата, овозможувајќи ѝ на истата да стане посилна.

Зајакнувањето на граѓанските организации не е нешто како „добро е да се има“ туку истото преставува суштински дел од работата на многу меѓународни организации кои на тој начин сакаат да се осигурат дека непрофитните организации ги имаат ресурсите што им се потребни за да одговорат на најитните социјални проблеми и не само.

Терминот е толку популаризиран па самиот поим градење на капацитети често е критикуван дека многу се (зло)употребува и дека тој може да значи речиси сè и да се однесува за секого. Ваквата конфузија се јавува првенствено кога градењето капацитети се меша со капацитетот. Капацитетот ги опишува вештините и способноста за донесување и извршување одлуки на начин што ќе постигне ефективни и ефикасни резултати. Градењето капацитет е процес на развивање на тие вештини и способности.

Често, иницијативите за градење капацитети започнуваат со анализа на ограничувањата на граѓанските организации или институциите и пропишување што треба да се „поправи“ или како е можно нешто да се направи подобро.

Една димензија која често се заборава е дека, без разлика што треба да се „поправи“, секој ангажман за градење капацитети, од еднократна работилница до работа со целосната организациската култура, може и мора да ги интегрира принципите за еднаквост и човекови права во самиот дизајн и имплементација.

Но, кои се градителите на овие капацитети, како тоа влијае на дизајнот и самата имплементација? Кои вредности се во основата на иницијативите за градење капацитети? Кој го дефинира градењето капацитети и како? Како да се идентификуваат најприоритетните капацитети што треба да се изградат?

Можеби не постои еден „вистински“ начин да се развие односно гради капацитетот но сепак тоа не значи дека нема патокази. Една од претпоставките е дека тој што финансира најдобро знае, впрочем зошто некој би финансирал нешто доколку не е сигурен за придобивките за тоа.

Доколку ги погледнете веб страниците или профилите на социјалните медиуми на граѓанските организации во нашата земја, ќе забележите дека истите реализираат многу проекти преку кои или се предмет на градење на капацитети или самите помагаат во градењето на капацитетите на други организации. И ова не е спорно, така и треба. Граѓанските организации можеби „не знаат што не знаат“, но, тие сигурно знаат што знаат. Доколку го направите истото и ги истражувате државните институции, агенции но и различни комисии кои се формирани од Собранието, ќе го забележите истото па дури и во поголема мера.

Државната администрација односно стручноста и компетентноста на вработените административци се предмет на многу истражувања а градењето на нивните капацитети е клучно. Дебатите за јавната администрација и нејзината модернизација стануваат сè позначајни инструменти за имплементација на ефективните јавни политики. Вработените во администрацијата се врската меѓу граѓаните и државата па стручноста и компетентноста на вработените во администрацијата претставуваат еден од клучните фактори за напредок на државата, воопшто. Тие се оние кои треба да се справуваат со комплексни и сложени реформи како оние во здравството, образованието, даночниот систем, во пензискиот систем, итн., и да обезбедат соодветен квалитет на услугите за граѓаните и бизнисите. На нив треба да им се помогне да се изградат нивните капацитети. Зајакнувањето на капацитетите на сите е важно, а можеби на самите институции е и поважно.

Сите држави, освен можеби најразвиените и најинституционализираните, имаат некои елементи на кревкост, но најкревките ситуации се карактеризираат со слаб капацитет за извршување на основните функции, ниската доверба кон институциите и ограничена политичка волја на граѓаните да партиципираат во системот. Па како да се развиваат капацитетите под такви услови и дали треба воопшто да се смени пристапот кон развој и градење на капацитети? Како може да се градат капацитети на несоодветен субјект? Зошто се дозволува да се вработуваат необразовани и некомпетентни кадри или се именуваат непрофесионални лица? Едно е да се развијат капацитетите на администрацијата а сосема нешто друго на именуваните функционери. На пример мене ми е спорно како е можно една Комисија да се пофали дека во првите три од четирите години колку што и е мандатот има толку и толку обуки за развој на капацитети и дури ги набројува обуките (а тие се најосновни обуки како на пр. обуки за комуникациски вештини, тимбилдинг и сл.) и уште поспорно (иако целосно ги разбирам) зошто донаторите го финансираат тоа.

Многу меѓународни организации во нашата земја направија навистина многу во градењето на капацитетите на вработените, но и на избраните функционери во нашата држава. Во отсуство на соодветни инвестиции од државата тие вложија многу средства во градење на нашите капацитети. Видливо е дека во последно време многу од овие донатори, соочени со предизвиците но и резултатите од нивните инвестиции се прашуваат што тие и нивните партнери можат да направат повеќе и поинаку за (по)ефикасно градење на капацитети во нашата држава? Кога ги гледаат резултатите од својата работа во одредени сектори, се осврнуваат на клучните прашања и дилеми со кои се соочуваат при одговарањето на ова прашање, како што е спроведувањето технички наспроти политички стратегии. Како една влада може да биде мотивирана да работи подобро, кои конкретни акции треба да бидат преземени со цел да го зголемат развојот на човековите ресурси во јавниот сектор, да ги зајакнат институциите што придонесуваат кон јавно декларираната цел на владата и да ги реформираат институциите што креираат правила за интеракција на економијата и на политиката. Веројатно и улогата на донаторите ќе мора да се прошири или промени за да вклучи нови активности но и да се преиспитаат и самите досегашни активности.

За жал и после толку време и толку многу инвестиции не успеавме да создадеме професионална администрација и институции надвор од влијанијата на политичките партии, а кои ќе бидат во состојба да им служат на сите влади со еднаква лојалност и во интерес на граѓаните кои пак, треба да имаат доверба дека власта, заедно со вработените во јавната администрација и институциите, се тие кои ќе го штитат јавниот интерес.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

May 13, 2025

Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа, вели Кузеска

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk