ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Започна 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура во Охрид

June 29, 2023 14:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Новите технологии забрзано го менуваат пејзажот на платежните услуги и пазарната инфраструктура, како во светот, така и кај нас.  Централните банки се еден од двигателите во процесот на дигитализацијата на плаќањата, а најдобар пример за тоа е што најголем број од нив ги истражуваат можностите за воведување дигитална валута, вклучувајќи ја и нашата централна банка. Во услови на технолошки напредок и глобализација, за да се овозможат побрзи, поевтини и инклузивни прекугранични плаќања, од суштинско значење се соработката и усогласувањето на платните системи. За нашиот регион од особен интерес е усогласувањето на платежната инфраструктурa со рамката на Единствената европска платежна област (СЕПА), за поефикасни прекугранични трансакции и забрзување на економскиот раст.

Ова беа првите пораки упатени од 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, која во организација на нашата Народна банка и Централната банка на Холандија, се одржува денес и утре во Охрид. Конференцијата, со свои обраќања, ја отворија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк.

Тековните и идните трендови во иновациите во платежните услуги и улогата на централните банки во тоа, беа главниот осврт во обраќањето на гувернерката Ангеловска-Бежоска. Ангеловска-Бежоска посочи дека во анкета на „Централ банкинг” за финтек, над 80% од централните банки како приоритет во истражувањата ги имаат наведено токму иновациите во плаќањата, како и дигиталните валути, кои се соодветен одговор на централните банки на дигитализацијата на платежната индустрија.

„Дигиталните валути на централните банки сѐ повеќе добиваат на значење. Според најновите податоци, 114 земји, коишто претставуваат над 95 проценти од глобалниот БДП, истражуваат за воведување дигитална валута, додека пред три години, само 35 земји размислуваа за тоа. Единаесет земји целосно воведоа дигитална валута, додека од земјите на Г20, 18 земји се во напредна фаза на развој“, посочи Ангеловска-Бежоска, истакнувајќи дека и нашата централна банка неодамна започна со истражување на можноста за воведување дигитален денар.

Директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк, во своето обраќање ја истакна важноста на соработката во плаќањата во услови на технолошки напредок и глобализација, нагласувајќи ја потребата од побрзи, поевтини прекугранични плаќања, како и транспарентност и инклузивност. Како што истакна, „понатамошната интеграција на европскиот пазар на плаќања е неопходен чекор за изградба на посилна Европа”, иако тоа не е едноставен процес на традиционално фрагментираниот пазар и бара стратегија и инвестиции за усогласување. Зборувајќи за холaндското искуство со СЕПА, таа истакна дека усогласувањето со европската рамка е огромниот придонес за поголема брзина и ефикасност на плаќањата и отворање на патот за поголема конкуренција и иновации, притоа носејќи нови решенија за плаќања за граѓаните и компаниите.

„Оваа конференција континуирано се покажува како важна платформа за размена на мислења, во духот на соработката и меѓусебната почит. Во овој контекст, би сакала да цитирам една стара африканска изрека: Ако сакаш да чекориш брзо, оди сам. Ако сакаш да стигнеш далеку, чекори заедно со другите“, порача ван Дијк, осврнувајќи се на важноста на соработката во сите сфери.

Овие два дена, во рамките на 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите од ЕУ и регионот, Црноморскиот Регион и Северна Африка, Банката за меѓународни порамнувања, Европскиот совет за плаќања, домашните финансиски регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските институции од доменот на финтек–секторот ќе дебатираат на повеќе актуелни теми поврзани со јакнењето на финансиската рамка на патот кон СЕПА, поврзувањето на платежната инфраструктура на Западен Балкан со инфраструктурата на ЕУ, дигиталните валути на централните банки ширум светот, отвореното банкарство и иднината на финансиските услуги коишто ги овозможува финтек-секторот и други теми.

Tags: Ангеловска-БежоскаНБОхрид
Next Post
Moises Castillo / Associated Press

„Тата“ Мартино на клупата на Интер Мајами

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk