ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Внесувањето на Бугарите и други етнички заедници во Уставот нема да ги намали правата на другите

June 29, 2023 16:51
in PMD, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Панел - Уставни измени - Исток или Запад? фото: Д. Муратов

Панел - Уставни измени - Исток или Запад? фото: Д. Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија на актуелната тема уставни измени со кои во Уставот ќе се внесат граѓаните со бугарско етничко потекло.

Учесници на панелот беа Ерол Ризаов, уредник во Независен.мк, Мирослав Јовановиќ, директор и главен уредник на Слободен печат и Зоран Иванов, уредник. Панелот го водеше новинарот Љубиша Николовски.

На панелот се дебатираше за тоа дали се лажни или реални  стравувањата за внесување на Бугарите во уставот, колку се лажни или реални опасностите поради партиски хирови земјата да ги запре преговорите со Унијата, колку е лажно или реално стравувањето дека на земјава и претстои изолација доколку во ноември не ги исполни условите за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и не отпочне со отворање на тематските интегративни кластери? Лажно или само гол борба за власт се условувањата за негласањето на со рамката договорените уставни промени…
Ерол Ризаов, уредник во Независен.мк посочува кон улогата на медиумите и нивниот придонес кон креирање правилни наративи за придобиките од влезот во Европската унија.

„Медиумите треба да се насочат кон тоа да им објаснат на граѓаните кои се придобивките од Европската унија, односно што ќе добиме или ќе изгубиме ако станеме дел од ЕУ… Придобивките од влез во ЕУ не се да ја замислуваме Европа како голем банкомат кој ќе ни дава пари, туку придобивките се многу повеќе од тоа. Прифаќањето на европските вредности во еден долг процес“, вели меѓу другото Ризаов.

Мирослав Јовановиќ, директор и главен уредник на Слободен печат, порача дека внесување на кои било други етнички заедници во нашиот Устав не значи намалување на правата на другите.

„Европската унија е најпросперитетното општество на земјината топка,  и ние тежнееме да станеме дел од тој клуб… Давањето на права на одредена заедница јас го гледам како цивилизациска вредност. Внесувањето на Бугарите и други етнички заедници во Уставот нема да ги намали правата на другите“, вели Јовановиќ.

Новинарот Зоран Иванов посочи за неоснованиот страв на граѓаните за губење на идентитетот со внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Внесување на Бугарите се само алатка за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Околу 80 отсто од граѓаните стравуваат дека ќе ни го земат идентитетот, но не можат да објаснат како ќе ни го земат“, вели Иванов.

Извор: Цивил Медиа

Tags: панелуставни измениЦИВИЛ
Next Post

Што точно порача германскиот канцелар Шолц на пресот со Ковачевски

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk