ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Авторитетот на Путин е разнишан, Зеленски ја добива војната?!

July 3, 2023 13:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ако добро ги исчитувам работите и појавите, авторитетот на Путин е сериозно разнишан. Опскурниот олигарх и паравоен командант Јевгениј Пригожин, со својата формација наречена „Вагнер“, стана најголемиот страв на Москва за повеќе од две децении неограничена власт на Путин. Притоа, тоа јасно ни говори за слабоста на режимот на Кремљ.

Историјата е, барем во денешниот контекст, голема ироничарка за оние земји кои се „тројански коњи“ на Русија. Ние, фала му на Бога, не сме дел од таквите коњи, барем што се однесува до актуелната и доминантна политика во земјава. Ама тоа не значи дека такви „тројански коњи“ на Путин не дремат (и повремено урлаат!) во нашата опозиција. Меѓутоа, тоа е нашата домашна слика, а ние да се вратиме на патот за Бахмут, преку „Ростов на Дону“ и Воронјеж, па се до некои 200 километри од Москва.

Имено, си направил Путин другарче на кој толку многу му верувал, така што дури му оформил и приватна војска за да војува. По извесно време, дворјаните се уплашиле од неговата моќ и, како што тврдат медиумите кои ги читам, почнале да го клеветат и цинкарат на Путин. Пригожин ја разбира таквата ујдурма, ги собира опскурните војници и тргнува на Москва да ги доведе во ред и научи на памет. На пат за Москва, Пригожин добива телефонски повик со следната содржина: „Немој, брате, војна е – шефот вели дека не е лут, дојди кај мене додека прашината не слегне, тебе и твоите нема да ви фали влакно од главата“. Претседателскиот другар  на Путин, Пригожин, се пишмани и застанува пред самата порта на престолнината. Замижува на едно око, па на друго око, па вели: а добро, што е тука е…

Се разбира, вооружениот бунт на „Вагнер“ е сериозна закана за Путин, ама дека во целата ујдурма нема спрдачина – има. Токму поради антиклимаксот со која е завршена, како и бројните прашања без одговори, така што во овој момент цветаат теории на заговори.

Имено, последните месеци Пригожин повеќе делуваше како мировен активист „во обид“ отколку командант на кому устата му е преполна со „татковина“ и „патриотизам“. „Специјалната воена операција изведена е со цел за денацификација и демилитаризација“, изјави Пригожин неодамна. „Ако Украинците на почетокот од ‘специјалната операција’ имаа 500 тенкови, денес имаат 5.000 тенкови. Ако имаа 20.000 луѓе способни за војна, денес имаат 400.000 војници кои знаат да се борат. Како тоа ние сме ја демилитаризирале Украина? Се испостави сосема спротивно – ние со нашиот напад ја милитаризиравме“.

За Пригожин секогаш виновниците се исти – министерот за одбрана Шојгу и началникот на Генералштабот на руската војска Герасимов. „Тие го заведуваат и лажат рускиот народ и ако така продолжат, ние ќе останеме без најважното – Русија“, урла Пригожин. Всушност, неговите жестоки критики упатени до военото раководство траеја од почетокот на ангажманот на „Вагнер“ во Украина, некаде во август минатата година.

Тука, во овој процеп, јасно се гледа дека Русија ја губи војната со Украина. На таквите реторики, Пригожин добива огромна популарност и моќ во Русија; очекувано, Путин го смета за најголема закана. Успесите на „Вагнер“ во Украина (Соледар и Бахмут), ако може да ги наречеме „успеси“, се единствено нешто со кое Москва може да се пофали во последната година дена. Урлањето на Пригожин против Генералштабот на Путин, неговото прозивање на војниот врв предизвика голема деморализација во редовната војска и во јавноста. Затоа Путин, од страв, ги залепи до себе Шојгу и Герасимов, покажувајќи дека панцирниот прслук со моторола закачена на појас (средство за комуникација) му станува претесен.

Додека целиот свет ја очекуваше борбата за Москва, телефонскиот повик беше пресуден за Пригожин. На линија беше Александар Лукашенко. После размена на силни пцовки (и племе и семе?!), вели претседателот на Белорусија, ја изнесува Путиновата понуда за паравоениот командант: може да оди во егзил во Минск, а ако вагнеровците се вратат во своите бази, нема да бидат кривично гонети, ниту Пригожин ниту неговите војници; доколку пак сакаат, неговите луѓе може да потпишат договор со Министерството на одбрана и продолжат да војуваат во Украина. Пригожин вели „да“, како на венчавка, а „Вагнер“ почнува да се повлекува. Путин и Кремљ воздивнуваат. Е, сега, се поставува друго прашање: зошто Путин прифати вакво понижување?

Се чини дека – вооружени конфликти пред портите на Москва или во неа – што е уште полошо – неповратно ќе го уништат моралот на руската војска и ќе претставува „дар од небо“ за украинската офанзива. Русија, денес, нема обучени борци, или нема доволно за да ја порази Украина, притоа, нема таков курвин син што може да гарантира дека вооружената побуна ќе остане локализирана само на Москва, така што и контролата на нуклеарното оружје доаѓа во прашање. Фактот дека „Вагнер“ дојде на 200 километри од Москва, заземајќи попатно воени објекти и оборувајќи воени хеликоптери, притоа на вагнеровци никој не им застана на пат цели 48 часа, зборува сешто за политичките, ама и безбедносните прилики во Русија.

Извесно е дека Путиновиот авторитет паѓа. Опскурниот олигарх и паравоен командант Јевгениј Пригожин, со својата формација наречена „Вагнер“, стана најголемиот страв на Москва за повеќе од две децении неограничена власт на Путин. Тоа, пак, јасно ни говори за слабоста на режимот на Кремљ. На друга страна се наоѓа Пригожин, се има впечаток дека загризал повеќе одошто може да соџвака. Денес, залегнат во егзил, под палка на Лукашенко, тешко дека ќе може да ја повтори истата улога од пред неколку недели. Суштински, оставајќи ја својата приватна армија на цедило.

На крајот на краиштата, најголемиот добитник на вооружениот бунт на „Вагнер“ може да биде Володомир Зеленски. Ама добивката ја гледам во нешто друго: широкото убедување дека Путин не е толку голем и силен како што се претставува, а Украина сега мора да издржи. Доколку успее, конечната војна ќе се одржи за престолот на Кремљ.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌПригожинПутин
Next Post

Брнабиќ: Опозицијата го злоупотребува српското Собрание, Владата не може да го смени составот на РЕМ

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk