ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Брнабиќ: Опозицијата го злоупотребува српското Собрание, Владата не може да го смени составот на РЕМ

July 3, 2023 13:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека пратениците од опозицијата „политички го злоупотребиле собранието“, наведувајќи дека „десет пати зборуваат за исти работи“ иако таа „дала веднаш објаснување за се“, како и дека власта не може да го замени Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), што е едно од барањата на протестите во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Граѓаните треба да знаат дека ова е губење време за целата држава. Во моментов во Собранието чекаат на изгласување исклучително важни закони. Тие (од опозицијата) ја користат седницата за своја политичка промоција и зборуваат за се надвор од дневниот ред, изјави Брнабиќ за ТВ Хепи, истакнувајќи дека присуствува на собраниските седници бидејќи ја почитува најавената тема за безбедноста во Србија.

Таа рече дека „извршната власт нема врска со доделување на фреквенции, ниту ги доделува, ниту може да затвори печатени медиуми или некоја телевизија“, а, како што додаде, опозицијата изведува „една од нивните игри на седниците“.

Како што оцени Брнабиќ, опозицијата, врши „насилство врз граѓаните со блокирање патишта“, наведувајќи дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „пред четириесет дена ги повикал на разговор“.

-Тој им упати јавна покана да дојдат да разговараат за да се реши ова. Дали сакаат избори или не, или што ќе биде со РЕМ, ајде да разговараме во убав политички формат, но тие рекоа дека не сакаат да разговараат. Па како мислат дека проблемите се решаваат во демократијата, праша Брнабиќ.

Таа кажа дека опозицијата ја обвинува власта за она што не е во нејзина надлежност, а како пример го наведе пратеникот од Зелено-левиот клуб, Радомир Лазовиќ, кој говорејќи за одговорноста на власта за зголемувањето на насилството во општеството, покажа фотографија од водителот на ТВ Хепи Миломир Мариќ во утринската програма на таа телевизија како држи пиштол.

-Каква врска има тоа со извршната власт, каква врска има со мене, праша Брнабиќ гостувајќи на ТВ Хепи.

Барањата на протестите Србија против насилството се-смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се ТВ Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БрнабиќзлоупотребуваопозицијаРЕМСобрание
Next Post

Пациентка се обидела да се самоубие на Клиниката за гинекологија

НАЈНОВО

Најмногу дожд во Ѓуриште, најстудено во Крушево

October 2, 2025
Фото: Данско претседателство со Советот на ЕУ

Сиљановска-Давкова на состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген – на агендата Украина и европската безбедност

October 2, 2025

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Холивуд со жестоки реакции за „актерката“ создадена со вештачка интелигенција Тили Норвуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диригентката Дијана Имери Илкоска била дискриминирана од поранешниот директор на Филхармонија Котевски, утврди Комисијата за спречување дискриминација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk